среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 106 ново

Нов проблем за Јувентус, се повреди Сами Кедира

Италијанскиот шампион Јувентус во следните три недели нема да може да се потпира на Сами Кедера, соопшти клубот од Торино. Играчот од средниот ред ја повредил левата нога по вчерашниот меч со Валенсија, кој заврши со победа од 0-2 за Италијанците.

Кедира беше принуден да го напушти теренот во 23-тата минута откако почувствува болка. Во 89 минута, Даглас Коста, исто така, го напушти теренот поради повреда, а колку ќе отсуствува ќе биде познато утре.

– Сами Кедера беше на медицински испитувања, кои откриле дека има повреда во левата бутина. Даглас Коста, исто така предвреме го напушти натпреварот, но неговата состојба ќе се утврди утре, се наведува во соопштението на „бјанконерите“. Дополнителна главоболка за Алегри е фактот што на вчерашниот меч Кристијано Роналдо заработи црвен картон, па најверојатно ќе биде суспендиран за следниот натпревар во ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top