среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски на средба со Лорд Џорџ Робертсон, Дејмон Вилсон и Барни Вајт-Спанер како претставници на Охридската Група

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со поранешниот генерален секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон, Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атлантскиот совет на САД и поранешниот британски генерал Барни Вајт-Спанер како претставници на Охридската Група.

На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во државата, евроатлантските интеграции на Македонија и престојниот референдум.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата ја реафирмираше стратешката определба на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

Соговорниците се согласија дека евроатлантските интеграции се клучни за понатамошниот развој на државата, развојот на животниот стандард, реформските процеси и целокупниот развој на Македонија.

Мицкоски истакна дека договорот со Грција, ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати, бидејќи е спротивен на државните и националните интереси на Република Македонија и претставува механизам за понатамошна блокада на интеграцијата на државата во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top