четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Грчко добредојде рано наутро: Фанови на Челси претепани во Солун

Двајца навивачи на Челси се повредени во Солун по напад на приврзаниците на ПАОК пред натпреварот на двата тима во Лигата на Европа. Двајца англиски државјани биле претепани во центарот на градот рано изутрина, по што брзата помош морала да интеревенира, соопшти грчката полиција. Напаѓачите брзо избегале од местото на настанот.

Минатиот месец, еден навивач на Барнли беше прободен со нож, а четворица беа претепани во меч од квалификациите за Лигата на Европа против Олимпијакос. Натпреварот од групата „Л“ во Лигата на Европа помеѓу ПАОК и Челзи се игра од 18.55 часот на стадионот „Тумба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top