среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 105 ново

Агентот на Јаја Туре: Африкански шамани ќе го спречат Гвардиола да ја освои Лигата на Шампионите

Контроверзниот агент на Јаја Туре, Дмитриј Селук на социјалните мрежи објави интересна карикатура на која Туре му фрла „вуду“ клетва на Пеп Гвардиола, откако Манчестер Сити синоќа загуби со 1-2 од Лион во Лигата на шампионите.

Селук долго време го обвинуваше Гвардиола за неговиот третман на Туре, кој ова лето замина од „Етихад“ да потпише со грчкиот Олимпијакос.

– Тој ја сврте цела Африка против него и многу африкански фанови од Манчестер сити. Сигурен сум дека африканските шамани во иднина нема да дозволат Гвардиола да ја освои Лигата на шампионите. Тоа ќе биде африканската клетва за Гвардиола. Ќе се покаже дали сум во право, вели Селук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top