четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Ни јаде, ни пие, ни спие: Дневно одговарам на 3000-5000 пораки

Нема јавен настап на премиерот Зоран Заев а да не ја бранува јавноста со некој гаф или невистина. Последната му е дадена за Би-Би-Си. Во интервјуто за Би Би СИ на српски јазик премиерот Зоран Заев  изјави:

„Одговарам на три до пет илјади пораки дневно. Тоа значи дека сум во тек со сите проблеми, а тоа е предноста на малите земји. Знам дека расположението во земјата е позитивно“ рече Заев.

Со проста математика се побива оваа теза на Заев. Ако земеме предвид дека Заев одговора на 3000 пораки дневно, а во просек на човек да прочита, да размисли и да одговори на една порака му требаат 2 минути, тогаш дневно испаѓа дека Заев троши 6000 минути само на одговарање на пораки. Проблемот е што денот (едно деноноќие) трае само 1440 минути.

Затоа се прашуваме колку минути трае денот на премиерот Заев, дали неговиот ден трае повеќе од 4 дена за разлика од обичните смртници на планетата Земја или се работи се вундеркиnд, а досега не се покажал баш, кој ниту јаде, ниту пие, ниту спие, ниту работи туку само гледа во својот телефон.

И со ПР-от се претера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top