среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 105 ново

Пападимуилис: Ако го промените уставното име, грчкиот парламент ќе го ратификува договорот

Сигурен сум дека ќе има мнозинство во грчкиот Парламент што ќе гласа за Договорот од Преспа, изјави денеска потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимуилис, на прес-конференција по завршување на Мешовитиот парламентарен комитет МК-ЕУ во Собранието на Република Македонија.

– Немам никакви сомневања, сигурен сум, доколку вашата држава го ратификува Преспанскиот договор и за тоа ги направи сите потребни уставни измени како што се договоривме, тогаш грчкиот Парламент ќе го ратификува договорот, рече Пападимуилис.

Посочи дека очекува Договорот од Преспа да биде ратификуван од страна на грчкиот Парламент во март идната година.

Мешовитиот парламентарен комитет МК-ЕУ вчера и денеска го одржа својот 15. состанок под заедничко претседавање на Алојз Петерле, европратеник од Словенија и Горан Милевски, пратеник и претседател на ЛДП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top