среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Скопјанец купил 30 венчаници, никогаш не платил

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Ф.С.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 8 декември минатата година во Битола, пријавениот, се претставил лажно како вработен во фирма од Скопје и од И.Д. набавил 30 венчаници со вкупна вредност од 300.000 денари. До денот на пријавување на настанот, пријавениот не го уплатил наведениот паричен износ на И.Д..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top