среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 108 ново

Кој ја води Одбрана додека Шекеринска се слика по кафеани?

Се чини дека протоколарните пропусти на Министерството за одбрана не се единственото нешто на кое јавноста во Република Македонија треба да обрне поголемо внимание. Фијаското со црвениот ќилим и метлите од Зелен пазар пред Матис беа добра забава за граѓаните, но она што се случува зад кулисите во Министерството за одбрана кое го води Радмила Шеќеринска ги надминува сите граници на злоупотреба на службена положба.

Ќе влезе ли Македонија во НАТО со вакво раководство во Министерството за одбрана? (ВИДЕО)

Во тек е невидена чистка на неподобните кадри и тотална партизација на министерството, или како што би рекол Заев, од чистачка до министер. На голема врата во Министерството влегоа кадрите на советникот на Радмила и поранешен генерал Мирослав Стојановски.

Мирослав Стојановски, државен советник и најблизок соработник на Шекеринска

Тој е еден од лицата кои беа посочени во текстот во престижниот хрватски медиум Хрватска данас како еден од многу дискутабилните избори на министерката за нејзин советник, заради неговото минато и извршени злосторства во Вуковар.

генерал Мирослав Стојановски, државен советник и најблизок соработник на Шекеринска

Е токму овој бивш генерал, го гледаме истопорен во пропагандните спотови на владата како без трошка срам повикува за промена на уставното име на нашата татковина. Ептен генералски.

Но, да почнеме со ред. Невидениот кронизам во Министерството за одбрана потекнува токму од овој човек. Сите луѓе кои се блиску до него, напредуваат и добиваат функции со брзина на светлината, кои сами на себе си ги делат. Па, така, полковникот Симе Трајковски, кој е началник на Ј-5 во Генералштабот на АРМ, а воедно и одреден за член на Комисијата за избор на кандидати за школување и курсирање во странство, сам себе се упатил на генералска школа во НАТО колеџот во Рим во декември 2017. Можеби и гласал сам за себе дека е најподобен кандидат. Друг еден полковник, Леко Младеновски, исто близок до Мирослав Стојановски, како член на Комисијата за спроведување на постапка за упатување на работа во странство, сам себе се упатува на Мисија во Авганистан, како најподобен офицер.

Врв на арогантноста и негрижата на министерката Шеќеринска е најавата дека на испразнетото генералско место за висок воен претставник во НАТО, ќе го испрати полковникот Круме Велков, човек од исклучителна доверба на Мирослав Стојановски. На страна што е најголема војничка бламажа да испратиш лице со понизок чин (во случајов полковник) кој ќе соработува исклучиво со генерали, кои сите се со повисок чин од него, туку и Велков веќе 3 години како исполнува услови за пензија. Но, Шеќеринска, и се е можно. Или пак можеби, некој друг го води министерството, а Шеќеринска служи само за сликање и одење по кафани, со хеликоптери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top