понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Шилегов: Во Аеродром имаше хемиски напад од Русија со цел да го спречи референдумот

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов објави дека е решен мистериозниот случај на чудна миризба која ги дразнела очите и грлата на станарите во зграда во општина Аеродром. Според првичните сознанија на Шилегов, станува збор за употреба на руско хемиско оружје кое има за цел да влијае врз резултатите од референдумот.

„Веднаш кога слушнавме за острата миризба и поплаките на жителите, покрај армијата, пожарната и сите други служби потребни за справување со овој голем проблем, на терен излезе и специјален тим на геостратези и аналитичари на чело со мене и колешката Шекеринска, и ние утврдивме дека она на што се жалат граѓаните е фактички хемиски напад од руско потекло за кој сме зборувале и претходно“, рече Шилегов.

„Фактички, кога влеговме во жариштето на миризбата, како да си ги видовме и препознавме нашите зборови, пред наши очи го видовме она што го говоревме. Имено, ние од поодамна предупредувавме на можното руско мешање во референдумот во Македонија и сега нашите ставови беа видливи и миризливи за цела населба“, се надоврза Шекеринска.

Според нив, целта на хемискиот напад од руско потекло била да се држат граѓаните дома, да не излегуваат во ходникот од зградата, за да не гласаат на референдумот. Со цел да се спречат други вакви напади, Шилегов и Шекеринска ќе предводат експертски тим кој ќе шета во сите згради во Скопје за да бара вакво опасно оружје.

„Кој би знаел да препознае вакво опасно оружје, ако не ние, кои што се вели народски, од уста не го извадивме ваквото оружје уште кога никој не знаеше дека истото постои…“, се согласуваат и двајцата.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top