среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 107 ново

Црна Гора воведува доброволно служење на воен рок

Во Црна Гора следната година ќе биде воведено доброволно служење на воен рок, пишува весникот „Победа“ повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана.

-Долгорочниот план за развојот на одбраната 2016-2025, како еден од приритетните развојни цели на војската, предвидува воспоставување на систем за доброволно служење на воениот рок- наведува весникот.

Како што се додава, планирано е следната година да започне доброволното служење на воениот рок, а дотогаш да се измени законската регулатива во насока на создавање на услови за воведување на рокот.

Задолжителното служење на воениот рок беше укинато во 2006 година, откако Црна Гора стана независна држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top