среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Амонијак од валкани пелени во еден од становите е причината за лошата миризба во „Скопјанка“

Откриен e изворот на неподносливата миризба што беше причина за евакуација на станарите во скопската населба Аеродром кои живеат на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ бр.15. Миризбата што ги натера граѓаните да излезат од своите домови се ширела од еден од становите во влезот на зградата.

Утврдиле дека станува збор за амонијак, а неговиот извор било големо количество валкани мелни пелени во еден од становите, коишто ја предизвикале лошата реакција кај станарите.

Во станот живееле две жени од кои едната била 90-годишна. Во моментов социјалните служби се излезени на терен, со цел да ги згрижат жените, а се врши и дезинфекција на станот и на влезот во зградата во ТЦ Скопјанка.

Се очекува станарите, после скоро седум часа да можат да се вратат во своите станови.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top