среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Апасиев: Само граѓаните можат да се спротивстават на овој налудничав план за самоукинување на уставното име на Македонија

Денес е погребана правната држава и останува само граѓаните, бидејќи немаат чувари на Уставот сами да се зачуваат, односно самите да се спротивстават на овој налудничав план за самоукинување на Уставното име на државата кое што еднаш патем речено е изгласано плебисцитарно и кое може да се измени само на друг референдум и никако поинаку не може со собраниска одлука или со било каква друга одлука, вели универзитетскиот професор Димитар Апасиев во денешното негово гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.

Апасиев истакна дека се срамел што присуствувал на седницата како и дека судиите во Уставниот суд не донеле правна одлука туку политичка.

Да фателе златна рипка и да речеле да станат уставни судии немало да станат бидејќи тие се ставени по партиска линија а и таква одлука донесоа политичка, додаде тој.

Апасиев додаде дека Собранието нема надлежност да го менува уставното име на државата како и дека Уставниот суд има надлежност да ја утврдува уставноста не само Уставот туку и на законите.

Одлука на референдум е подзаконски општ правен акт тоа значи дека Уставниот суд не може да рече ме интересира само Уставот, тој мора да гледа дали одлуката е законита односно во согласност и со законот и со Уставот, рече Апасиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top