среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 111 ново

Ние не сме против ставот на меѓународната заедница – нивниот став е сорджан во нашиот

Не се европски вредности да се лаже сопствениот народот и да се манипулира, нашиот став е принципиелен, одговори вечерва претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски на забелешката од соговорниците, политичките аналитичари Алберт Муслиу и Лирим Дулови, со кои учествува на ТВ-дебата на ТВ21.

-Врз основа на целокупната ситуација којашто му претходеше на овој референдум, врз основа на целиот процес што го водеше владата на СДСМ на начин на којшто го водеше, и врз основа на анвигацијата што ја добивме како народна партија од граѓаните, но имајќи ги предвид и сите билатерални и мултилатерални средби со нашите партнери од меѓународната заедница, одлучивме на граѓаните, на симпатизерите, на членовите да им дадеме можност да постапат според личното убедување на 30 септември. Никаде никого не ограничивме во начинот на којшто ќе постапува на 30 септември. И од тоа подемократски став во една држава не постои. 

Во врска со забелешките дека ВМРО-ДПМНЕ не ја смета меѓународната заедница за пријател на Македонија и дека не дели став со ниту еден лидер од ЕУ и НАТО-членките, Мицкоски негира.

-Ставот на меѓународните  претставници е дека имаме референдум и граѓаните треба да одлучат како ќе гласаат, значи ги насочуваат да излезат на гласање, па да гласаат ЗА или ПРОТИВ, а нашиот став е дека граѓаните треба самите да одлучат како ќе постапат, што ги обединува сите граѓани во Република Македонија. Оттука, ставот на меѓународната заедница е подмножество на нашето множество, а нашето множество е широко и ги опфаќа сите граѓани во Република Македонија ко на овој референдум ќе имаат каква било активност – да излезат и да гласаат за, против или да апстинираат. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top