среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Специјалци на АРМ ќе вршат радио-биолошка декоминтација во зградата во Скопјанка

Повеќе од шест часа трае агонијата на жителите во зградата на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ број 15 во ТЦ Скопјанка, во населбата Аеродром.

Станарите уште не можат да влезат во своите станови бидејќи се чекаат специјалците на АРМ да извршат радио-биолошка контаминација.

Попладнево сите станари во зградата беа евакуирани поради непријатен гас кој се ширел во влезот. Жителите со гас-маски беа евакуирани.

Дел од станарите заминаа да преноќат кај роднини и пријатели во другиот дел на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top