сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Пандов: Излегување на 30-ти не е за европско владеење на правото, тука за најбрутално бришење на македонската држава и народ

„Излегување на 30-ти не е за европско владеење на правото, тука за најбрутално бришење на македонската држава и народ“, смета аналитичарот Александар Пандов.

Според него, на денешното судење за 27 април, сведок под заклетва кој е вработен во собранието, сведочел дека бројот на пратеници во собранието кои гласале за Талат Џафери бил под потребниот број.

– Ова сведочење е доказ дека пред подоцнежните настани во собранието е направено кривично дело. И тоа ни помалку ни повеќе, избор на претседател на собрание, која по овластување е втора функција во државава!
Се ова ме потсети на информацијата на Сашо Клековски дека и со 700.000 излезност, меџународна ќе го легитимира референдумот, а гледам деновиве и други ја шират оваа информација. Морам да го коригирам. Пошто не им иде по планирано сега бројката ја имаат спуштено на 536.000, или бар една илјада повеќе од гласовите за изборот на претседателот Иванов. Да се потсетиме за успешен референдум потребно е да излезат 903.000 гласачи. Од тука многу е важно сите ние кои си ја сакаме Македонија и сакаме да останеме Македонци, во наредните 10 дена да се обидеме да му појасниме и на најтврдиот заевист, дека неговото излегување на 30-ти не е за европско владеење на правото, тука за најбрутално бришење на македонската држава и народ“ смета Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top