среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Евакуирана зграда во Скопјанка, паника кај станарите

Непријатна миризба ги извади надвор станарите на зградите во склоп на тц „Скопјанка“ во населбата Аеродром. Драмата почнала околу 15 часот, по што биле повикани припадниците на МВР и на Противпожарната единица.

Станарите сведочат дека се спушта чад што предизвикува штипење во очите. Од МВР потврдуваат дека добиле пријава од граѓани, но се уште се работи на утврдување во причините. Очевидци велат дека ќе се провали во еден од празните станови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top