среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Четири скапи „БМВ“ мотоцикли на Заев придружба на цистерна која патуваше за Косово

Четири скапи „БМВ“ мотоцикли со струмички регистерски ознаки биле придружба на цистерна која денеска го поминала граничниот премин „Блаце“ кон Косово, објавува „Инфомакс“.  Како што пишува порталот моторциклите биле со струмички регистарски ознаки сродни на регистарските таблички на мотоциклот кој го возеше премиерот Зоран Заев, а регистриран на „Тотал Инженеринг“ – семејна компанија на Заеви.

„Четири бели моторцикли марка „БМВ“, сите со струмички регистарски таблички кои почнуваат на бројката СР – 1600, следејќи го примерот на регистарската ознака на моторциклот на премиерот Заев СР-1600-ЗЗ, утринава заедно со немаркирана цистерна го поминаа граничниот премин Блаце“, пишува „Инфомакс“ кој денеска се обидувал да дознае која е содржината на стоката која се превезувала во камионот, имајќи предвид дека таа била обезбедувана и ескортирана до граница од четирите бели „БМВ“ моторцикли.

Премиерот Заев во неколку наврати се пофали со неговите добри фамилијарни врски и пријателството со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој освен за политичар важи и за сериозен бизнисмен на Косово, вреден неколку милиони евра.

„Дали, станува збор за некаков вид нелегална трговија, или пак обезбедување на стока која не смее да се изнесува од границите на Македонија, остана прашање на кое што не добивме одговор.

Како што може да се забележи од фотографиите, евидентно е дека мотоциклите возат во формација, односно два пред цистерната, а два позади цистерната. Не е јасно дали ја обезбедуваа цистерната, или пак се работи за коинциденција.

Три од моторциклите се регистрирани на правно лице, а еден е регистриран на физичко лице. Сите се од Струмица“, пишува „Инфомакс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top