сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Грчки танкер се насука во Егејското Море, се стравува од загадување

Еден грчки танкер со илјада тони нафта се насука утринава во близина на пристаништето на грчкиот остров Милос во Егејското Море, но „засега нема информации за истекување на нафта“, велат од пристанишната полиција.

„Испловувајќи од Лезбос, остров на североистокот од Егејското Море, во насока на Милос, на југоисток, танкерот ‘Фрес’ со грчко знаме се насука во водите пред пристаништето Адамас на Милос. Засега нема повредени ниту, пак, дојде до загадување”, изјави претставник на канцеларијата за односи со јавноста на пристанишната полиција.

Во сопственост на грчката поморска компанија регистрирана во Пиреа, големо пристаниште во близина на Атина, во „Фреш“ има 16 членови на екипажот, и сите се од грчка националност.

„Сите се живи и здрави”, изјави официјалното лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top