среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО

Демократската Унија за Интеграција во текот на вчерашниот ден беше присутна во Општина Арачиново, каде на жителите на селата што припаѓаат во ова општина им се објасни важноста од гласањето на 30 септември со цел да се зачлениме во најголемата воена алијанса НАТО, гласајќи за промена на името на државата.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека Албанците се луѓе со добра волја, го сакаат животот, иднината, ја сакаат слободата.

– Не се сомневам на определбата, ниту на силната волја на Албанците дека на 30 септември ќе и кажат да на Европа, да на НАТО, да на иднината. Албанците беа неиздвоен дел од процесот, ние бевме дел од решението на овој процес, дел од решението на овој спор. Ви гарантирам како ваш брат, дека со зачленувањето на ова земја во НАТО и Европската Унија завршува сонот на Истокот за да владеат со Албанците во овие простории. Излезете и гласајте ЗА Македонија на 30 септември, затоа што се одлучува нашата иднина, иднината на ова земја, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во средбата со граѓаните на Арачиново, во придружба на претседателот на ДУИ беа присутни вицепремиерот за европски прашања и пратеникот Ејуп Алими. За време на денешниот ден е предвидено средба со граѓаните во Општина Студеничани и Општина Шуто Оризари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top