среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Референдум ќе има, Гошева и Јосифовски гласаа против

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година.

За отфрлање на иницијативата гласаа седум уставни судии, а за беа двајца – Елена Гошева и Јосиф Јосифовски.

Судијата известител Елена Гоешва претходно предложи да се поведе постапка за одлуката за распишување референдум и да се изрече времена мерка и запирање на сите активности на извесен период.

Според неа, одлуката содржи повеќе правни недостатоци. Прашањето за референдумот, како што рече, е манипулативно, видот на рефередумот не е јасен, а не е наведен и целосниот назив на договорот од Преспа. Гошева смета дека одлуката за референдумот не содржи четири од седум елементи за референдум. Според неа, прашањето треба да е поделено на три прашања.

Kadriu Kostadinovski ustavni sudii

Уставен суд, Кадриу и Костадиновски

Со поинаков став се судиите Дарко Костадиновски и Осман Кадриу, кои беа предложени за уставни судии од претседателот Ѓорге Иванов. Тие сметаат дека одлуката ги содржи сите потребни елементи и дека барањата за нејзино оспорување се неосновани. Судијата Костадиновски рече дека има правни недостатоци, но оти тие не се суштински и не се причина за поведување постапка.

За судијата Осман Кадриу, одлуката за распишување референдум е уставна затоа што е донесена со мнозинство гласови во Собранието. И судиите Насер Ајдини, Вангелија Маркудова, Сали Мурати и Владимир Стојановски, како и претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски рекоа дека не гледаат прекршување на уставните одредби.

Само судијата Јосиф Јосифовски и даде поддршка на Гошева. Тој смета дека одлуката за референдум не е во согласност со Уставот и дека прашањето е нејасно и непрецизно.

todor petrov apasiev

Димитар Апасиев, Тодор Петров

По изјаснувањето на сите судии се прејде на гласање при што иницијативата за поведување постапка беше отфрлена.

Подносители на иницјативата за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на референдум, се политичката партија Левица и Светскиот македонски конгрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top