сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Преку ГП „Богородица“ летово поминале 1,5 милиони туристи

Најфреквентниот граничен премин „Богородица“ во периодот од 15 јуни до 15 септември, кој се смета за главна туристичка сезона, на влез и излез од земјава го поминале вкупно 1.536.184 туристи што во споредба со лани претставува зголемување за околу 15 отсто, изјави денеска за МИА командирката Јасмина Аврамска.

Во изминатиот тримесечен период на излез од земјата биле регистрирани 830.456 патници од кои 288.377 биле Македонци, а 542.079 биле странски државјани. Истовремено во земјава влегле вкупно 705.728 патници од кои 206.084 биле македонски државјани, а 499.644 биле странски државјани.

Од вкупниот број патници кои за време на главната туристичка сезона транзитирале преку граничниот премин „Богородица“ околу половина милион или точно 494.461 биле македонски државјани додека 1.041.723 биле странци.

Во шпицот на туристичката сезона постојано активни биле шесте сообраќајни ленти за излез и влез од државата како и сите вработени, кои честопати биле и вонредно ангажирани, поради што не се забележани екстремни задржувања на возилата и туристите при излез и влез во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top