среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 112 ново

И покоен Глигоров му одржа лекција на Хан во Штип

Посетата на Штип на еврокомесарот Јоханес Хан, во рамките на офанзивната кампања на ЕУ за референдумот во Република Македонија, еврокомесарот ја искористи, на покана на градоначалникот Благој Бачварски, да ја посети спомен-куќата на првиот претседател на незавинса Македонија, Киро Глигоров.

Фотографиите од посетата на Хан, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогр, ги објавија општина Штип на својот профил на Фејсбук и градоначалникот Бочварски.

Она што Бочварски не може да го разбере, а Хан не сака, се зборовите испишани на ѕидот од МОЦ „Киро Глигоров“ „Македонија е се што имаме“.

Кога прв пат беше избран за претседател на Република Македонија, Киро Глигоров го заврши своето инаугуративно обраќање во македонското Собрание со познатата историска максима: „Македонија е сè што имаме“. Преку таа мисла, тој го пренесе заветот на нашите предци.

Затоа, денес, кога го закопуваме делото на човекот кој е нераскинлив дел и од АСНОМ и од независна Република Македонија, се сеќаваме за тоа што Македонија претставуваше за него, но не и за сите нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top