среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Воздушна маса од Африка ќе не стопли следните денови

Во текот на следните денови и натаму територијата на државава ќе биде под влијание на стабилна, сува и невообичаено топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини поточно од северна Африка. Сето ова ќе услови да имаме многу сонце и многу топлина односно времето ќе биде сончево повремено со мала до умерена локална облачност, велат прогнозите на Славчо Попоски.

УВ индексот ќе има висока до многу висока вредност и ќе има коефициент 6, па затоа граѓаните да бидат внимателни и доколку излегуваат со себе добро би било да понесат заштитна опрема односно капа и наочари за сонце.

Максималните дневни температури до викендот ќе бидат во понатамошен поораст и ќе се искачуваат во интервалот дури од 27 до 34 степени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top