среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 107 ново

Николоски: Ја повикуваме Владата да ги објави уставните амандмани

Денеска сме во посета на општина Кисела Вода, во населба Драчево, село Драчево и Писојница. Тука сме на средби со граѓаните да продискутираме околу актуелните состојби, пред се поврзани со референдумот кој што се однесува на преименување на Република Македонија, да ги слушнеме нивните ставови и нивните гледишта.

Граѓаните се навистина загрижени за сето она што се случува, има огромен отпор кон овој договор.

Граѓаните, пред се етничко Македонци не го прифаќаат, се против преименувањето и промената на Уставот, како и  промената на националниот идентитет на Македонците. Во исто време се отвора прашања зошто на 10-тина дена до референдумот владата не ги објавува уставните амандмани затоа што клучниот дел од договорот е промена на Уставот, промена на Преамбулата, на членовите 3 и 49 како и промена секаде онаму каде што пишува Република Македонија во Република Северна Македонија.

Јавно уште еднаш прашуваме зошто владата не ги објави амандманите и која е целта на необјавување на амандманите? Образложението дека ќе сработат по одржување на референдумот не држи, образложението дека треба време исто така не држи затоа што се работи за едноставни кратки амандмани. Можеби држи она што го кажа премиерот Заев, а тоа е дека граѓаните ќе се уплашат доколку ги видат амандманите.

Ние ја повикуваме владата да ги објави, баш за да можат да ги видат граѓаните и да видат кој е тој голем страв кој што го крие владата од нив, изјави денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top