сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Зеколи има црно сценарио за 30-ти: Заев ќе прогласи победа 20 минути по завршувањето

Албанскиот аналитичар Арсим Зеколи, кој најави дека ќе го бојкотира референдумот за промена на името, сега предвидува црно сценарио на 30 септември. Тој најавува дека каков и да биде исходот на референдумот, Заев ќе прогласи победа и пред јавноста ќе изјави дека мнозинството гласало „ЗА“.

Потоа тој предвидува дека ќе следи соопштение од Стејт департментот во кое ќе им честитаат на граѓаните на Северна Македонија за паметната одлука, Берлин пак ќе честита за позитивниот исход, а во Кремљ ќе се пие шампањ.

Вчера пак истата оваа теза ја кажа аналитичарот Сашо Клековски во своето гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма, Каде соопшти вистинска бомба дека впрочем СДСМ ќе се обиде да го прикаже референдумот како легитимен со излезени 700 илјади гласачи што е всушност цели 203 илјади гласачи помалку од цензусот.

Клековски: СДСМ ќе прогласи успешен референдум со 700 илјади излезени гласачи

-Проценката е дека 700 илјади гласачи ќе го легитимираат референдумот, потенцира Клековски.

По што потоа се надоврза дека Вашингтон и Берлин ќе ја поздраваат одлуката и легитимираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top