петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Традиционално на 19 септември, сите уживаме на изложба кај Боте

Просечен инстаграм корисник поминува 21 минута дневно на оваа популарна апликација која има околу 400 милиони корисници. А меѓу тие 400 милиони со свои 3193 фотографии со кои секојдневно ги одушевува своите следбеници е Слободанка Тренчева Боте, или #botovacha.

На добро позната локација, терасата на катната гаража Македонска Фаланга, на 19 септември од 21 часот, традицијата на убави фотографии и загарантирано добра забава продолжува.

Изложбите на Боте се одлично место за секој да дојде и преку нејзините фотографии да отпатува на најегзотичните места на планетава, да ги види најубавите зајдисонца, да биде дел од највозбудливите забави во светските метрополи.

За загревање на атмосферата се задолжени Ана Мало и Балоски, на кои како специјални гости ќе им се приклучат Future of Matter, NON (Greece), а подиумот е достапен за сите посетители.

Петтата по ред изложба на Боте е одлична можност вистински да се опуштите и уживате на овој несекојдневен настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top