сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Средба Мицкоски – Сер Алан Данкан: ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати Договорот со Грција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан.

– На средбата соговорниците дискутираа за актуелните политички случувања во Македонија, евроатлантските интеграции на држава и претстојниот референдум за договорот со Грција. На средбата се потенцираше и значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија. Мицкоски порача дека членството на Македонија во ЕУ и НАТО е од стратешки и државен интерес, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што брифираат од партијата, Мицкоски го реафирмирал ставот дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати Договорот со Грција, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со содржината на овој договор. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го повторил и ставот дека граѓаните на Македонија имаат доволно политичка зрелост и се достоинствени за сами да донесат одлука како ќе постапат на 30-ти септември.

Соговорниците се согласија дека билатералните односи помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство се силно развиените, но беше истакната и потреба од понатамошно надградување на истите. Мицкоски ја афирмираше стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во ЕУ и НАТО, се додава во партиското соопштение по повод средбата на Мицкоски со Данкан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top