сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Премиера на претставата „Ромео и Јулија“ за деца во Кавадарци

Во четврток, на 20 септември 2018, со почеток од 19.30 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе има премиера на претставата “Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Микица Илова.

Претставата е наменета пред се за младата публика и е во продукција на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Првата реприза е веќе во понеделник, на 24 септември 2018. Ова е втора премиера на кавадаречкиот театар оваа година. Моментално на репертоарот е и хит претставата „Пасивно пушење“ од авторот Небојша Ромчевиќ, во режија на Јордан Витанов, а 2018 година кавадаречките актери ќе ја заокружат со уште две премиери и тоа една за возрасни и една за деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top