среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Сè подлабок раскол во православието

Руската православна црква ги прекина дипломатските односи со Патријаршијата во Цариград, која претставува центар на православната духовност за повеќе од 300 милиони православни христијани во целиот свет.

Причината за тоа е предлогот Цариградската патријаршија да ја признае Украинската православна црква како независна од Руската, во чиј состав беше досега.

Многу украински христијани го одбиваат духовното водство на московскиот патријарх Кирил, бидејќи тој ги поддржувал руските бунтовници и сепаратисти во источниот дел на земјата.

Кремљ изјави дека нема да се меша во конфликтот во православната црква.

СВЕТСè подлабок раскол во православието, можно е и крвопролевањеОбјавено пред 5 минути – 18 септември, 2018Од Mak Fax

Руската православна црква ги прекина дипломатските односи со Патријаршијата во Цариград, која претставува центар на православната духовност за повеќе од 300 милиони православни христијани во целиот свет.

Причината за тоа е предлогот Цариградската патријаршија да ја признае Украинската православна црква како независна од Руската, во чиј состав беше досега.

Многу украински христијани го одбиваат духовното водство на московскиот патријарх Кирил, бидејќи тој ги поддржувал руските бунтовници и сепаратисти во источниот дел на земјата.

Кремљ изјави дека нема да се меша во конфликтот во православната црква.

Давањето автокефалност на канонски непризнаената украинска црква може да доведе до напади врз манастирите и конфликти во нив, рече митрополитот Иларион.

„Давањето автокефалност на Киевската црква ќе доведе до крвопролевање“, предупреди митрополитот Иларион, претседател на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија.

Тој ова го изјави во екот на спорот меѓу Руската православна црква и Вселенската патријаршија, која е на пат да ја признае автокефалноста на канонски непризнатата Киевска патријаршија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top