среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Осомничениот за бруталното убиство бил физиотерапевт, се фали дека е роднина на Али Ахмети

Енвер Тоска, осомничениот за свирепото убиство во Прилепско имал завршено образование за физиотерапевт, а бил запишан и на курсот во Полициската академија, пишува порталот „Сведок“.

„Но, таму покажал слаби резултати и првично не бил викнат на работа. По интервенција на високи структури од ДУИ, како што тврдел самиот лично од Али Ахмети, со кого наводно бил роднина, бил примен на работа во полицијата, па дури добил и решение за инспектор. Тоа решение, по реакциите, подоцна било повлечено и останал само обичен полицаец“, пишува Сведок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top