сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 39 ново

Општина Центар затвори незаконско градилиште на Кале, сопственикот одбил да ги отстрани дивоградбите (фото)

 

Овластен градежен инспектор на општина Центар со полициска придружба денеска затвори нелегално градилиште во населбата Кале, откако во текот на вчерашниот ден донесе решение за отстранување на повеќе градби – потпорни ѕидови, оградни ѕидови, помошни објекти и доградба, информираа денеска од општината.

На инвеститорот му било наложено веднаш да престане со градење и да ги отстрани дивоградбите, а откако тој не го сторил истото, овластениот градежен инспектор го затворил градилиштето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top