сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Стотина илјади евра од граѓаните за пејачите да ја промовираат Северна

Коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“, од која Владата се дистанцира, иако е еден од двата столба, ако не и единствениот, најцврстиот, на референдумската кампања, не открива колку пари на граѓаните се потрошени на хонорари за изработка и избедба на промотивниот спот, во кој учествуваат редица врвни музички имиња: Златко Ориѓански, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Виолета Томовска, Драган Спасов Дац, Ѓоко Танески, Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Гиш, Викторија Лоба, Владо Јаневски, Бубо Каров, Дарио.

Оттаму не откриваат ниту колку пари на граѓаните се потрошени, музичари во речиси истиот состав, да излезат на бината во Скопје и да ги забавуваат граѓаните за време на марошт за европска Македонија, кој се одржа во неделата. Во неделата во Скопје настапија: Златко Ориѓански, Тамара Тодевска, Александар Митевски, Виолета Томовска, Драган Спасов Дац, Ѓоко Танески, Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Гиш, Викторија Лоба, Владо Јаневски, Ферус Мустафов.

Овие прашања нашта редакција вчера му ги постави на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, кој нѐ препрати на адресата на коалицијата, која го органзиирала настанот, но одговор не добивме ниту од коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“.

Додека чекаме да се пребројат и да ни одговрат, нашите пресметки се дека за музичкиот спот, настапот на маршот и настапите за промоција на кампањата музички имиња од калибарот на Тамара, Владо Јаневски, Кристина Арнаудова, Дани, Ферус… го олесниле џебот на граѓаните за стотина илјади евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top