сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Господине Марин, Ве молам, заземете се веднаш да поставите семафори на тој пешачки премин!

По трагичната сообраќајна несреќа која се случи синоќа во Аеродром, граѓаните постојано му се обраќаат на Градоначалникот Златко Марин да преземе чекори со кои ќе ја подобри безбедноста на жителите на населбата.

Татјана Трошановска на социјалните мрежи директно му се обрати на Градоначалникот Марин:

-Господине Марин, пред 10тина минути, на булевар Србија, на пешачкиот премин пред полициската станица, беа “собрани”, со брзината на светлината, баба, дедо и нивното внуче. Детето го вадевме од под автомобилот. Бабата повредена, ја реанимираа на лице место. Детето го однесоа со брза помош веднаш после бабата. Дедото, во бесознание, со тупаници, се удираше по главата и лелекаше. Ве молам, заземете се веднаш, да поставите семафори на тој пешачки премин. Растојанието, од едните до другите семафори, е големо. Да се премине пешачкиот премин на тоа место, е еднакво на добивка 7ца на Лото. Многу деца, одат на училиште од другата страна на булеварот, кон Аеродром, и обратно. Се надевам, дека сериозно ќе го разгледате овој предлог, и ќе го ставите на листата со приоритети. Благодарам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top