четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 99 ново

Мицкоски му вети на Заев: Дојди на ТВ-дуел, ќе ти кажам што мислам за бојкотот!

И така силно грчевито се борат да не се збори за договорот и затоа избега од дебата, човекот кој се колнеше и бараше дебати. Па сакал да му кажам што мислам за апстиненција? Прифати Зоран Заев дебата јас и ти без медиумската машинерија и скапо платените советници, јас и ти очи во очи на било која телевизија, ти ветувам на таа дебата на крај веднаш ќе ти кажам што мислам, за апстиненцијата, но претходно ќе треба и да одговориш за наведнатата кичма, за губењето на идентитетот, за одземеното достоинство на народот, за наместените тендери, за криминалот кој го правиш на дневно ниво и зошто нема никаква санкција за тоа.

-Нема вечно обвинителството да биде немо на криминалот а судовите да работат под притисок. Ќе дојде ден ќе се постави прашањето за одговорност и за тоа како среде центар на град сам си кажува дека поттикнува поткуп и врши притисок на фирми само за да луѓето излезат да гласаат на референдумот. Истото тоа го прави со години наназад, дали тоа биле парламентарни или локални избори. Па нели тоа е еден нечесен однос и потценување на својот народ, ова ли се тие европски вредности Заев со кои ти ја полнеа устата на полупразните плоштади ширум Македонија, му порача Мицкоски од Штип на Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top