сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 47 ново

Излегле за пиво и сендвич, но не и за Северна (ФОТО)

Со транспаренти „ЗА европска Македонија”, дел од поддржувачите на кампањата за референдумот дојдени во Скопје за време на граѓанскиот собир организиран од коалицијата „Заедно за европска Македонија“ се шетаат низ плоштадот и ГТЦ, забележал фоторепортерот на Инфомакс.

Сончевото време дел од нив го искористија и за пиво во ГТЦ, а со нив ги понесоа и знамињата од собирот.

Граѓаните од цела Македонија со организиран превоз пристигнаа во Скопје за европскиот марш.

Организаторите од сите градови им поделија и маички на оние кои дојдоа во Скопје за да маршираат до ЕУ инфо центарот.

На „Партизанска“ има повеќе од 100 автобуси со кои дојдоа поддржувачите на Коалицијата „Заедно за европска Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top