сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 43 ново

Околу 10.000 на мускули довлечкани ЗА Северна Македонија: 4000 Македонци, 6-7000 Албанци (ФОТО+ВИДЕО)

Со транспарентот „Излези ЗА! европска Македонија” граѓаните ги предводеа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министрите Никола Димитров, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Собирот е пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Македонија, а започна со интонирање на македонската химна и на Одата на радоста.

Преполни автобуси денеска од сите градови пристигнаа во Скопје по повод митингот на СДСМ во Скопје. Според нашите сознанија, главно биле донесени пропадници на етничките заедници, повеќето Албанци, и уценети админисгтративци, кои под закана излегле на маршот на СДСМ.

Откако СДСМ доби шамар од скопјани и не доби поддршка од народот партијата мораше да носи симпатизери и членови на партијата од цела Македонија

Автобусите беа се паркирани долж булеварот партизански одреди во Скопје, а тие се со регистарски таблички со речиси од сите градови на државата.

Со членови и симпатизери од цела Македонија СДСМ ќе бара влез во европската унија и НАТО среде Скопје и пред скопјани кои се против промена на името.

Инаку утрово се појавија и фотографии како партиски членови делат сендвичи во Делчево при тргнувањето за Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top