четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 101 ново

Мицкоски: Во нивните спотови ме ставиле и мене, а нели Христијан Мицкоски немал рејтинг, не го сакалe, статистичка грешка сум бил?!

Па погледнете што има во нивните скапи спотови. Има инсерти од АСНОМ,  Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, запамтете ослободување на Македонија, а не на Северна Македонија, како што предвидува овој договор кој го нудат. Па АСНОМ е се, што овој договор кој го имаме на маса не е. Има инсерти од фудбалската Репрезентација на Македонија која тие сакаат да ја преименуваат во репрезентација на Северна Македонија. Ама тоа не го кажуваат во спотовите.

Ама во спотовите ќе ви ветат дека ако влеземе во ЕУ, ќе имаме бесплатно здравство и бесплатно образование. Замислете, владата која има полна уста ЕУ и НАТО, вив ели наместо кога ќе влеземе, ќе изградиме најсовремена болница каде што ќе ги имате истите услови како граѓаните од ЕУ, таа ве брска во ЕУ да се лекувате. Наместо да рече кога ќе бидеме дел од ЕУ ќе изградиме најсовремен универзитет кој ќе биде меѓу првите 100 на Шангајската листа, ви вели одете во ЕУ, таму има бесплатно образование.

Мицкоски се осврна и на спотовите во кои се повикуваат на него и на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во ТВ-спотовите е го споменат ВМРо-ДПМНЕ, и ќе ме споменат мене. Па нели ВМРО-ДПМНЕ е на колена, не е важно, можете вие се самите да направите. Нели Христијан Мицкоски немал рејтинг, не го сакал народот, статистичка грешка сум бил. Што ќе ви е ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Терајте! Ама, пустото не било така. И ВМРО е големо и Македонија е голема. И престаанте тие четири букви да ги ставате во вашиот поган речник.

Бессрамно ќе лажат, клеветат, измислуваат, дека сум бил на овој или на оној, сум бил со овие, сум бил со оние… Не бе луѓе јас сум на македонската и на Македонците, ова е битката на нашата генерација за спас на татковината, историјата ќе запише кој бил на правата страна. Јас сум сигурен кој ќе чекори со гордо исправена глава, а кој ќе ја ведне од срам. Тој има име и следбеници- Зоран Заев и СДСМ.

Луѓе, стојам овде пред вас и можам да ви кажам дека Македонија е во опасност, и тоа опасност која доаѓа од налетот на незнаењето, неспособноста, и криминогеноста на врхушката на власт. Сакаат да ни го сменат името, а вие сакаат да поверувате во нивните шарени лаги. Ако договорот бил толку добар и толку прифатен од народот немаше на Заев да му треба тој ветар во грб кој тој го преставува како иднина, а за државата значи провалија. Јас имам еден живот, и не ми е сеедно на што сум го посветил, јас се родив, работам и кога ќе го завршам овој живот сакам да бидам, она што сум Христијан Македонецот, од Македонија. Затоа што тоа биле моите родители, тоа ќе бидат и моите деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top