сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 41 ново

Се сеќавате на „Тропска горештина“: Што прават денес Ник Слотер, Силви и Спајдер (ФОТО)

Беше една од најпопуларните тв серии во деведесеттите. „Тропска горештина“ ги одбележа кариерите на Роб Стјуарт, Керолин Дан и Иан Трејси, а се емитуваше од 1991. до 1993. година.

Ник Слотер, Силви и Спајдер беа главните ликови кои со своите случки во „Тропска горештина“ го привлекоа вниманието на тв гледачите. Тоа беше една од оние „инстант“ популарни серии кои се гледаа со очекување и возбуда.

Роб Стјуарт (Ник Слотер) по „Тропска горештина“ сними неколку нискобуџетни филмови и серии. Минатата година ја добил главната улога во серијата „Килџојс“ која престанала да се снима после две сезони.

Иан Трејси (Спајдер) добивал епизодни улоги во помали серии и филмови. Најголем успех му е улогата во филмот „Open Range“ со Кевин Костнер.

Керолин Дан (Силви) по завршувањето на серијата се откажала од глумата. Се преселила во Канада, Нова Шкотска, и отворила клиника за алтернативна медицина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top