среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Како да ја придобиете свекрвата

Односите меѓу различните генерации секогаш се сложени. Човек често има недоразбирања со своите родители, а што останува за оние на партнерот ?
Се разбира, мајката на вашиот сопруг веројатно сака да доминира, но таа е човек, со кого треба да се изградат пријателски односи. Ова ќе помогне не само на самите вас, но и ќе го направи вашиот маж многу среќен.
Секако, изградбата на стабилни односи помеѓу снаата и свекрвата не е лесна задача, но еве што би можеле да се обидете:
1 . Гответе заедно.
За некој семеен празник, во кој сте поканети на вечера, приклучете се во приготвувањето на храната или пак замолете ја да ви ги даде рецептите на омилените јадења на вашиот сопружник. На овој начин ќе ја натерате да се почувствува добро, не само затоа што сакате да му угодите нему, но и затоа што сакате
(барем во нејзините очи) да личите на неа. А и готвењето е карактеристика на добрата домаќинка што отсекогаш и се допаѓа на свекрвата.
2 . Заинтересирани се од неа.
Следниот пат кога ќе одите на гости, побарајте да ги погледнете семејните албуми. Секој човек сака да се враќа во минатото, сеќавајќи се на омилените моменти. Вашата свекрва ќе биде повеќе од добронамерна и ентузијастичка да сподели интересни детали од животот на нејзиниот син. Не заборавајте да
покажете интерес и да се смеете на забавните приказни кои таа ги раскажува (дури на вас да не ви се чинат толку смешни).
3 . Останете во контакт.
Тоа можеби е најлесниот начин. Секоја недела се јавувате на својата свекрва, за да видите што прави , како се чувствува. Секогаш понудете ја својата помош, ако таа има потреба од нешто. На овој начин ќе создадете кај неа чувство дека може да ви се довери и дека нејзиниот син не погрешил при изборот.
Понекогаш изненадете ја со својот сопруг, и однесете и некаков мал подарок.
4 . Користете го бебето.
Кога на виделина се појави вашето дете, врската со свекрвата е од суштинско значење. Од една страна таа ќе сака да набљудува како расте нејзиниот внук, додека вие понекогаш ќе имате потреба да го оставите бебето на некого кој да го гледа.
5 . Одите заедно на патување.
Колку и чудно да ви изгледа, тоа исто така е начин да се зближите со својата свекрва. Се разбира, не станува збор да одите заедно со неа на море. Можеби некој викенд да отидете заедно до место кое има сентиментална вредност за неа. На овој начин ќе имате прекрасна можност да се зближите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top