среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Милошоски: Устав продава само купен политичар!

Устав се менува само во вонредна и воена состојба, никој не менува устав во мирнодропски услови. Ниту една политичка гарнитура не говорела за промена на Уставот на Република Македонија. За прв пат не само што се зборува, туку и се оди во насока да го смени, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски гостувајќи на Телевизија 24.

-Устав продава само купен политичар, посочи Милошоски.

Според него ниту ниеден пратеник не е изгласан за да го смени Уставот.

-Никој не не гласал за да го смениме Уставот, и не смееме да го направиме тоа, потенцираше Милошоски.

Власта, вели Милошоски, знае дека нема да успее референдумот затоа одлучи референдумот да биде консултативен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top