среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Амди Бајрам претседател на сите Роми во Европа!?

Јован Дамјановиќ од Светската организација на Ромите на денешната средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, информирал дека Амди Бајрам е номиниран за претседател Европската ромска партија. На основањето на партијата и на основањето на партијата и на именувањето на нејзиниот претседател ќе бидат официјализирани на конгрес на кој ќе учествуваат претставници на Ромите од над 25 земји. За Амди Бајрам се вели дека е човек кој е долги години гласноговорник, чинител и инспирација за младите Роми во светот

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери оствари средба со делегација на Светската организација на Ромите, предводена од претседателот и амбасадорот за мир, Јован Дамјановиќ, заменик-претседателот Дејвид Романо и членот на Комисијата за европски прашања Ивица Петровиќ.

Претседателот Џафери, посакувајќи им добредојде на гостите во Собранието истакна дека Република Македонија е држава која придава особено внимание на статусот на Ромите. Тој посочи дека има аспекти кои треба да бидат препознаени како успешен пример, но и дека како претставници на народот имаат уште доста работа за да се задоволат сите аспекти на живеењето на ромската заедница во општеството, особено нагласувајќи ги сферите на образование, инфраструктура, здравство.

Дамјановиќ рече дека му претставува задоволство што е во Република Македонија, држава чии граѓани уште одамна ги прифатиле Ромите како еднакви сограѓани, држава која е единствена во регионот со ромска општина, држава која е редок пример и за многу поразвиени држави во Европа, заради фактот што одамна има пратеник од Ромската заедница во своето Собрание.

 

Дополнително, тој се осврна на намерата за формирање на Европска Ромска партија, за чиј претседател е номиниран Амди Бајрам, како човек кој е долги години гласноговорник, чинител и инспирација за младите Роми во светот каде треба и да се стремат. Дамјановиќ нагласи дека основањето на партијата и именувањето на нејзиниот претседател, ќе бидат официјализирани на конгрес на кој ќе учествуваат претставници на Ромите од над 25 земји.

Претседателот Џафери им посака успех во работата на гостите, истакна дека Бајрам ја има поддршката од него и од Собранието и изрази задоволство што токму пратеник од Собранието на Република Македонија е номиниран за претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top