понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 70 ново

Џике од Комуналец влезе во војна со Ирена Ристиќ – и се покаја (ФОТО)

Тазе вработената Џике Муртезановски во Комунална хигиена утрово решила да ѝ објави војна на актерната Ирена Ристиќ, која освен што е првенка на Драмскиот театар е и Прва метла на Град Скопје, која е решена да ѝ докаже на Комунална хигиена дека со чиста мисла и права метла, и со работење наместо врата клатење градот убав пак ќе светне.

Статусот на Ристиќ го пренесуваме во целост.

Госпожата Xike Murtezanovski која started new job in
“N.P. Higjienike komunale Shkup” (#АлоКомунална) како Keshilltare per pune Kadrovike (нешто за кадровски прашања) утринава решила да се излизга на сопствената глупост, злоба и незнаење, обраќајќи ми се со следниов избор на зборови (ваљда и некави мисли, шо ја знам):

“a be duso be zarem tolku losa akterka si sto glumis gjubretarka za da izlezes pred kamerite 😝😢😤

На што јас, првенката на Драмски и Првата метла на Град Скопје, пружајќи friendly hand велам, проговарам:

“Леле, Xike Murtezanovski, па ти си она што ни треба, бејбе! Храбра биди, обиди се со мене…🎶🎵🎶🎵🎶
Па, ние може у преговори да влеземе! Повелете во нашите простории во недела во 11ч. Понесете метла и лопатка. :D”

Ете, ја користам приликава и Xike и сите вас кои ова го читате, прво, да ве поканам на проекциите на “Три дена во септември” деновиве игра у Синеплекс во рамките на ревијата на македонски филмови, како и на “Странци” која ја играме на 22ри во рамките на МОТ, но и на осмата акција на #НеБидиЃубре на #СреќенЃубровден, у недела у 11 кога од пред Влада ќе тргнеме во поход на Марков манастир…

Дали ќе побарам извинување од Xike? Не!
Дали ќе останам цврсто во борбата против нивното неработење? Да.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top