среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Имате камера во автомобилот или пред станот – казните се огромни во Македонија

Освен парична казна, „снимателот“ ќе заработи и кривична пријава за незаконско снимање поднесена од секој поединец, чиј идентитет ќе биде утврден во снимениот материјал, а е прибавен со било каков вид камера инсталирана во автомобил, а возилото не е на МВР. Ова дело е казниво според Законот за лични податоци

Четиристотини евра во денарска против вредност изнесува паричната казна која ќе ви ја наплати државата во судска постапка, плус кривична пријава за незаконско снимање поднесена од секој поединец чиј идентитет ќе биде утврден во снимениот материјал кој е прибавен со било каков вид камера, поставена во автомобил или во станбена зграда. Ова дело е казниво според Законот за лични податоци на Македонија.

Секој, кој веќе поставил камера во возилото или во зграда, без да има одобрение, буквално, од сите станари во зградата, должен е веднаш, пред да биде казнет да ја отстрани опремата за видеонадзор.

Сопствениците на современите возила кои имаат фабрички инсталирани видеокамера во ретровизорите или во задниот дел од автомобилот имаат опција сами да побараат од овластен сервис да им ја деактивира направата, бидејќи во Македонија како и секаде во ЕУ, снимањето на личните податоци и идентитетот на граѓаните на јавно место е забрането и казниво.

Целиот текст прочитајте го на Судство.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top