среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Сведоците на СЈО, контра обвинението на СЈО

Ивана Дуковска член на комисијата која расправала по предметот „Сончев град“, потврди дека доказите кои ги имала новата комисија, старата комисија пак, ги немала на увид.

Исто така потврди дека записникот е потпишан на 3-ти април 2007, а состанокот бил пред тој ден. Во кривичниот суд денеска на рочиште за случајот „Топлик“ се сослушаа двајца сведоци предложени од страна на СЈО.

За трите сведока кои не дојдоа на судењето судијата даде наредба за нивно приведување за следното, кое што ќе се одржи на 21 септември.

Сведокот Благица Николовска, исто член на комисијата која што одлучувала по предметот „Сончев град“, изјави пред судот дека комисијата имала на увид единствено графички прилог.

Претседателката пак Емилија Путилин која денес не се појави на суд ги криела останатите документи и составила тенденциозен записник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top