среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Референдумско фијаско: Само 250 илјади Македонци ќе излезат на референдум од 1 100 000 македонски гласачи

Според официјална анкета на ОБСЕ, излезноста на референдумот ќе биде катастрофално лоша. Имено, според оваа кредибилна институција излезноста ќе изнесува само 32.3% од вкупното гласачко тело, што преведено во бројки е 616.930 гласови.

Доколку се земе како прецизна оваа анкета, а земајќи го во предвид фактот дека сите албански партии во Македонија повикаа на излезност, како и партиите на заедниците, може слободно да заклучиме дека бројот на Македонци кој би гласале на референдумот би бил некаде околу 250 – 300 илјади.

Ова е ладен туш за власта од страна на македонскиот електорат кој повеќе од очигледно не ги одоброволува штетните антидржавни политики на СДСМ.

Граѓаните не се согласуваат Република Македонија да го смени своето име, по теркот на договорот од Нивици потпишан од владата на Заев со кој се губи идентитетот, историјата, културата и традицијата.

Дополнително граѓаните гледаат дека оваа власт не прави ништо од корист за Република Македонија, се што прави е на штета на македонските национални интереси, но и на внатрешен план имаме пропадната економија, се повеќе млади кои се иселуваат, иако сегашната власт ветуваше дека тоа ќе го запре, таа дури и го забрза процесот, па забрзано се празни не смао внатрешноста од државата, туку и Скопје.

Година и половина нема никакви проекти, никакви инвестиции, власта буквално не мрднува со прст.

Според пишувањето на одредени портали, ваквата незаинересираност на граѓаните се должи и на фактот дека партиите кои ја парципираат власта ги изневериле своите гласачи, незадоволството кај народот е огромно, но од ОБСЕ неофијално не брифираат дека медиумската пропаганда за претстојниот референдум на партиите на власт е комплентно промашена.

 

„ОхридСкај“: Референдумот е пред колапс, покажуваат анкетите на ОБСЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top