среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Пендаровски: Частам пијачка за тој што ќе избоксува зачувување на придавката „македонско“

Некогашниот претседателски кандидат од редовите на СДСМ, вчера во интервју за „Само вистина“ се обиде да оправда или објасни зошто од државните институции, финансирани од буџетот,  нема да може да има придавка „македонско“.

  • Во оваа држава живеат други освен Македонци, и тоа не е измислено со овој договор, тоа е одамна, од Рамковниот договор наваму. Вие не можете во државна институција која мора да ги опслужува сите граѓани да ставите придавка „македонски“. Јас тоа така не го доживувам, но јас сум етнички Македонец, затоа што другите, пред се Албанците велат ако пишува „македонска“, армија пример, тоа значи дека армијата е само на Македонците – изјави Пендаровски.

На прашањето дали ова значи дека изјавите на академиците дека тие ќе се борат името МАНУ да остане, Пендаровски вели – нема да е можно.

  • Ако тоа го избоксуваат, ја им плаќам пијачка на сите – вели Пендаровски.

Според него прво проблем би направиле Албанците.

  • Мора да го издвоите етничкото од државното – го објаснува Пендаровски договорот.

Според логиката на Пендаровски,  во иднина во оваа држава ќе може да има државно субвенциониран Албански театар, Турски театар, Српски Театар, Ромски театар, Јапонски театар (бидејќи тие придавки со договорот со Грција не се забранети), ама затоа нема да може да има – на ист начин субвенциониран – Македонски театар. Бидејќи така би го кршеле договорот, заклучува „Офф нет“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top