среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Скандал во МЕПСО: Сам на себе си дал тендер – ќе снабдува со интернет за 3,5 милиони!

Претседателот на управниот, му дал тендер на членот на надзорниот. Компанијата која ја води претседателот на надзорниот одбор на МЕПСО, кој одобрува доделување на тендери, добила тендер од МЕПСО за вклучување на интернет, покажуваат документите до кои стигна Екомски Лидер.

Директорот на МЕПСО Сашо Василевски, кој во исто време е претседател на управниот одбор доделил тендер од 3,5 милиони денари (56,000 евра) на фирмата НЕОТЕЛ каде што директор е членот на надзорниот одбор на МЕПСО Трајче Черепналковски.

Се работи за конфликт на интереси од највисок размер, ако се има предвид дека компанијата доделува огромна сума на лице кое е во нејзините управувачки органи. Излегува дека Черепналковски сам на себе си одобрил тендер, затоа што работата на надзорниот одбор е токму да ги следи и одобрува ваквите активности.

 

Тендерот е за вклучување на интернет во главната зграда на МЕПСО и се работи за исклучително скапа услуга, затоа што само за една зграда компанијата ќе троши 28.000 евра годишно или нешто над 2000 евра месечно за индтернет со 1 GB брзина.

На документот се гледа дека се потпишани двајцата функционери на МЕПСО, едниот како претставник на давателот на услугата а другиот како претставник на државната компанија која е барател на услугата.

Сашо Василевски, директор и претседател на управниот одбор на МЕПСО и Трајче Черепналковски, член на надзорниот одбор на компанијата

Ваквите активности порано беа санкционирани од анти-корупциската комисија, но, затоа што по доаѓањето на власта на СДСМ оваа институција не функционира, се остава простор за вакви коруптивни зделки во кои има конфликт на интереси.

Прилози:

Договор помеѓу МЕПСО и НЕОТЕЛ вреден 3,5 милиони денари – линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top