среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Уапсени две лица од кумановско: Ги барале со меѓународни потерници за обид за убиство

Вчера полициски службеници од СВР Куманово од слобода ги лишиле лицата С.М. (45) и С.М. (66), двајцата од с. Руница, општина Липково. За С.М. (45) билa распишанa меѓународнa потерницa за издржување казна затвор од вкупно 12 години за сторени кривични дела: „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово.

За С.М. (66) била распишана меѓународна потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „убиство во обид“ и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Кшање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top