среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Вучиќ: Ако потпишеме договор со Приштина, сакам гаранција дека Србија влегува во ЕУ во 2025

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјавил дека постигнувањето на каков било договор со Приштина мора да подразбира дека Србија ќе добие гаранции и ќе стане членка на Европската Унија во 2025 година.

– Ако биде постигнато решение, тоа би требало да биде сопфатен договор што ќе ги вклучи не само односите меѓу Србите и Албанците на Косово, туку би морал да го вклучи и решавањето на патот на Србија кон ЕУ и економскиот напредок, рече Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top