среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Миранда од „Сексот и градот“ нема да биде градоначалничка на Њујорк

Американската актерка Синтија Никсон, позната по улогата во телевизиската серија „Сексот и градот“ ја изгуби трката за гувернер на американската сојузна држава Њујорк, јавија утрово агенциите.

Таа на изборите во рамки на Демократската партија изгуби од досегашниот гувернер, 60-годишниот Едвард Куомо. Нејзиниот ривал беше за 30 процентни поени подобар.

Се очекува Куомо ќе биде реизбран во ноември бидејќи државата Њујорк е упориште на Демократите. Никсон во текот на кампањата истакнуваше дека Куомо не успеал да се избори со корупцијата, нееднаквоста во образованието, дека под негово водство пропаѓа и њујоршкото метро, а му ја оспори и програмата за економски развој.

Синтија Никсон родена е во 1966 во Њујорк, добитничка е на наградите Еми, Греми и Тони, а најпозната е по улогата на Миранда Хобс во серијата „Сексот и градот“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top